ГРОМ бара да не се користи општински имот во изборни цели
Од општинската организација на ГРОМ ги повикаа политичките партии на претстојните локални избори да се однесуваат фер и демократски, и да не ги користат општинските ресурси во изборни цели, со што ќе покажат дека сме зрела демократска заедница.

„Јавно ги повикувам кандидатот за градоначалник и кандидатите за советници од СДСМ и нивната коалиција да престанат да ги користат и злоупотребуваат ресурсите и капацитетите на Општина Куманово во нивна кампања и промоција затоа што освен што не е демократски таквото нешто е забрането и казниво. Само за пример на таква груба злоупотреба ќе ви посочам тоа што кандидатот за градоначалник и кандидатите за советници од споменатата партија и коалиција бесправно ја користат кружната сала за состаноци каде што заседава Советот на Општина Куманово, а којашто е сопственост на Општина Куманово“, - изјави Зоран Петрушевски, кандидат за советник на ГРОМ на листата на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.
На листата за советник од ГРОМ е и Марија Цакиќ.