Гром предизвика пожар во Макреш, изгореа 15 хектари сува трева и нискостеблеста шума
17.07.2026 09:06
| KumanovoNews
Пожар предизвикан од удар на гром избувнал вчера во атарот на селото Макреш, во Општина Старо Нагоричане, при што изгореле околу 15 хектари сува трева и нискостеблеста шума.
„Од удар на гром е запалено стрниште, а пожарот се проширил на останатите површини со сува трева и нискостеблена шума“, велат од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК).
На терен интервенирала Територијалната противпожарна единица од Старо Нагоричане од 15.00 до 20.00 часот со две противпожарни возила и шест пожарникари, а во гаснењето помогнале и жители на селото.
Со навремената интервенција, пожарот бил локализиран и целосно ликвидиран, со што е спречено неговото понатамошно ширење.