×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Груевски: Од Куманово на 15 октомври ќе започне новата ера за Македонија

    04.10.2017 08:51 | KumanovoNews

    Потикнување на регионалниот развој, отворање на индустриска зона, нови работни места и решавање на инфраструктурните проблеми во градот, најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на синоќашниот митинг во Куманово, на кој беа промовирани кандидатот за градоначалник, Зоран Ѓорѓиевски, носителот на листата и кандидатите за советници.

    Груевски: Од Куманово на 15 октомври ќе започне новата ера за Македонија

    Новата општинска власт на чело со Зоран Ѓорѓиевски, како што рече Груевски, планира изградба и реконструкција на локалните патишта Агино Село-Брзак, Режановце - Речица, изградба на фекална канализација во селата Романовце, Клачовце, Ново село, Љубодраг, Тромеѓа, во населбите Иго Тричковиќ и Ајдучка Чешма и изградба на водоводи во селата Пчиња и Студена Бара.

    „Новата локална власт планира и изградба на рекреативен комплекс во меснота Студена вода, со шеталиште, трим стази и спортски терени. Решавање на проблемот со водоснабдувањето преку алтернативни извори. Загаденоста на воздухот ќе ја намалиме со изградба на нови паркови во локалитетот Проевце, мини парк во населбата Гоце Делчев и на локалитето Водовод, уредување на Соколански парк, градскиот парк, зелените површини на градскиот кеј, спомен костурницата. Ќе изработиме нов градежен убранистички план и нови сообраќајни решенија, изградба на градинки , спортски сали, повеќенаменски спортски игралишта“, - рече на митингот Груевски.

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, смета дека новото движење ќе донесе новата ера за Македонија, ера на просперитет, на напредок и на исполнети ветувања, на одговорност, ера која ќе ја предводи Коалицијата „За подобра Македонија“, ќе започне на 15 октомври  со победа во Куманово.

      Кандидатот за градоначалник Зоран Ѓорѓиевски, истакна дека месецот октомври е историски значаен за Куманово и на 15 октомври ќе падне досегашниот режим на локалната власт.

     „Наш значаен проект за наредните 4 години е “Куманово без кал“. Тоа е работа која треба да се работи во континуитет, а не три месеци пред избори на сите страни чепнато никаде не завршено. Континуирана работа на инфраструктурата, фекална и атмосферска канализација, водовод до секое населно место во општината. Асфалтирање на сите улички во тековните 4 години. Куманово е најголема локална самоуправа во Македонија, со буџет од 25 милиони евра. Десет насто од тој износ е 2.5 милиони евра, за 10 години тоа се 10.000 милиони евра за инфраструктурата во Куманово“, - рече Ѓорѓиевски.

    Тој, нагласи дека нема да ги заборави ни кумановските стопанственици и затоа ќе инвестира во инфраструктурно доуредување на дивите индустриски зони во Карпош, Доброшане и Бедиње.

    Ѓорѓиевски им порача на вработените во општинската администрација и јавните претпријатија, да не се плашат за своите работни места доколку чесно и професионално си ја вршат работата.

      Носителот на листата Драган Петковски рече дека на Куманово му тебаат нови луѓе со чист образ, кои ќе им служат на сите граѓани подеднакво.

    „Куманово заслужува чесна и одговорна локална власт, која народните пари ќе ги вложува во развој на општината, а не за целите на градоначалникот и екипата околу него.До сега во Куманово на власт беше СДСМ и затоа од најразвиена општина стана една од најнеразвиените, економски опустошена без перспектива. Заглавена во кал и сообраќаен хаос. Куманово на 15 октомври референдумски ќе бара коренити промени, а промени ќе има со новиот градоначаник Зоран Ѓорѓиевски и листата на советници на коалицијата „За подобра Македонија“, - изјави Петковски.

    На митингот зборуваа и претставници од коалиционите партнери Амди Бајрам, Иван Стоиљковиќ и Виктор Цветковски.