×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Густа магла во Куманово

    14.12.2017 08:15 | KumanovoNews

     Утрово во Куманово и по одделни котлини има појава на магла.

    Густа магла во Куманово

     Густа магла има во скопската котлина, каде има намалена хоризонтална и вертикална видливост на неколку метри, соопштуваат од УХМР.

     Минималната температура во Куманово изнесуваше 3 степени Целзиусови.

    Времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, по одделни котлини со појава на магла, особено густа магла ќе има во скпоската котлина. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец, кој во северозападните подрачја, особено на планините повремено ќе се засилува.

    Максималната температура во земјава се очекува да достигне од 6 до 15 степени.

    Скопје, претежно магливо и тивко. Највисоката температура ќе достигне до околу 6 степени.

    И утре ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, се уште ќе има и појава на магла по одделни котлини.

    Под влијание на нов влажен бран в сабота и ноќта кон недела ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните и источните делови. Во ноќните часови на планините врнежите ќе бидат од снег, а во недела врнежи од снег може да има и на некои повисоки места.

    Во сабота ќе дува засилен јужен ветер, а од недела под влијание на северно воздушно струење температурите ќе бидат во опаѓање.