Хуманитарен тениски турнир во Куманово
16.06.2018 07:29
| KumanovoNews
На тениските игралишта кај спортската сала Куманово, денеска ќе се одржи хуманитарен тениски турнир, кој го организира Ротари клубот од Куманово.

На турнирот ќе учествуваат членови на Ротари клубот, но и граѓани кои сакаат да ја искажат својата хуманост.
Собраните средства ќе бидат наменети за опремување на игралиште за деца со посебни потреби.
Турнирот ќе започне во 9.30 часот.