Хуманитарна помош за повеќе сиромашни семејства
Општинска организација на Црвен крст Куманово во изманитите 2 недели организираше хуманитарни активности за помош на повеќе семејства од општините Куманово и Старо Нагоричане и Липково.

Помош во храна, облека, обувки, хигиенски производи, кревет и кебиња, добија семејството Биљали од м.з. Тоде Мендол и самохрана мајка Венера Анѓелковиќ од населба Ѓорче Петров - Скопје, со привремен престој во село Табановце, кои останаа на улица откако домовите им изгореа во пожари.
Хуманитарна помош беше однесена и во семејства во селото Лојане, на самохран родител со 5 деца во село Степанце, 9 члено семејството во село Драгоманце и 6 члено семејство во Куманово, кои живеат во тешки и субстандардни услови.