И украл обетки од уши на спиење
Кумановка останала без обетките што ги носела откако разбојни влегол во нејзината куќа и ја ограбил на спиење.

Кражбата се случила вчера околу 3 часот по полноќ на улицата „Веселин Маслеша„ во населбата Паро Чичо, кога непознатиот нечујно успејал да влезе преку отворениот прозорец на бањата во домот на Е.М.(50).
Откако ја пребарал куќа во плакарот пронашол два златни прстени, пар обетки, по што се нафрлил на жената која спиела во една од собите. Почнал да ја тепа по што и ги извадил обетките од ушите.
Додека испаничената жена се соземала насилникот избегал. Случајот го пријавила во кумановската полиција каде се работи на пронаоѓање на разбојникот.