Игор Митевски е нов командир на Полициска станица
Игор Митевски е избран за нов командир на Полициска станица Куманово, на денешната седница на Советот на општина Куманово, на предлог на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Денеска за прв пат во локалната самоуправа профункционира реалната децентрализација. Советниците со мнозинство гласови гласаа за Игор Митевски, односно граѓаните избраа кој ќе биде шериф во Полициската станица - рече претседателот на Советот, Максим Димитриевски.
Како предлози од министерот во игра беа и: Никица Петрушевски и Игор Ивановиќ, а воедно Митевски беше предлог на надлежната комисија при Советот. Митевски доаѓа на место на в.д. командирот Никица Петрушевски.