×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Игри без граници“ за најмалите

    04.10.2018 17:29 | KumanovoNews

     Во спортската сала во Куманово, денеска се одржаа „Игри без граници“, во организација на детската градинка „Ангел Шајче“.

    „Игри без граници“ за најмалите

    Спортското натпреварување за најмладите традиционално се организира по повод Детската недела, а учество земаат дечиња од осум градинки во државата.

    На годинешново натпреварување учествуваа околу 300 деца од градинките од: Крива Паланка, Пехчево, Берово, Штип, и три градинки од Скопје, од општините Гази Баба, Аеродром и Центар. Присутните ги поздрави директорката Марина Алексовска, која истакна дека е горда што денеска како установа се домаќини на толкав број на учесници и толку голем настан.

    - Играта е основна активност преку која децата стекнуваат знаења, вештини умеења, меѓутоа игрите без граница е она што е најпоскуваното, бидејќи се потикнува спортскиот, натпреварувачкиот дух и самодовербата. И за правилниот психофизички развој неопходна е играта, - изјави Алексовска.

    Мотото на годинашнава детска недела е „Градиме мостови, чекориме напред“. Манифестацијата традиционално секоја година се организира во соработка со Здружението за спорт, рекреација и анимација „Штурчиња“, со стручна помош на дипломирани професори по физичко воспитување.

     На манифестацијата присуствуваше и градоначалникот Максим Димитриевски, кој ги поздрави дечињата и им посака убаво да се забавуваат и натпреваруваат.

    - Со настанот сакаме да им дадаме можност на нашите најмилите и најмладите правилно да го развиваат натпреварувачкиот дух. Од нив очекуваме идни спортисти, кои освојуваат врвни резултати на домашните и светски спортски натпреварувања. Се заблагодарувам на организаторите и студентите кои се денеска даваат допринос за успешна релизација на овој настан, - изјави градоначалникот.

     Сите учесници на „Игри без граници“ добија пехари и медали за покажаните резултати и беа прогласени за победници.