ИН МЕМОРИАМ: Почина Свето Петрушевски, претседател на ОО НСДП
Вчера во Куманово, на 60. годишна возраст, почина Свето Петрушевски, претседател на општинската организација на НСДП Куманово и долгогодишен политички работник.

Свето Петрушевски е роден 18.10.1958 година во Куманово. Завршил Земјоделски факултет во Скопје. Професионалната кариера ја започнал во ЗИК Куманово, а потоа работел во Пазарната инспекција во Куманово и во ЈП “Чистота и зеленило“.
Член е на НСДП од нејзиното формирање во 2006 година, а извршувал повеќе партиски функции во извршниот и централниот одбор на партијата. Од 2015 година е претседател на општинската организација на НСДП Куманово.
Погребот на Петрушевски ќе се изврши денеска во 15 часот на Градските гробишта во Куманово.