Инфо ден за мали локални иницијативи во Куманово
09.09.2015 14:48
| KumanovoNews
Во Младинскиот центар “Мулти Култи“ во просториите на месна заедница Тоде Мендол, задутре во 10.30 часот, ќе се одржи Инфо ден за мали локални иницијативи.

Овие Инфо денови ги организира Македонскиот центар за европско образование. Тие се за локални иницијативи кои би се реализирале со 30.800 денари за граѓански организации за граѓанско учество со ЕУ вредности на локално ниво. На заинтересираните ќе им биде објаснето од кои области треба да бидат иницијативите.
Вакви Инфо денови се реализираат во поголемите градови во Македонија.