×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Институциите не ги казнуваат насилниците што напаѓаат новинари

    22.01.2018 19:16 | KumanovoNews

    Здружението на новинарите на Македонија денес во Клубот на новинарите го претстави Извештајот за слободата на медиумите и безбедноста на новинарите во Македонија за 2017 година.

    Институциите не ги казнуваат насилниците што напаѓаат новинари

    Претседателот на ЗНМ Насер Селмани рече дека минатата година во Македонија новинарите беа уценувани, прогонувани, тепани, добиваа смртни закани, се прогласуваа за предавници итн. „Насилниците физички и вербално ги напаѓаат новинарите затоа што сакаат да ги заплашат и замолкнат со цел јавноста да не дознае за злоупотребите на власта“,- истакна тој.

    Според извештајот, минатата година во Македонија вкупно се регистрирани 18 напади на новинари, од кои 13 физички и вербални напади, додека останатите се навреди, попречување во работа и уништување на имотот.

    Исто така Селмани изрази загриженост што Обвинителството досега не покренало ниту едно обвинение пред судовите за насилство против новинарите и говор на омраза. „Неказнети останаа и познатите тројки на ВМРО-ДПМНЕ, кои спроведуваа кампањи на навредување и заплашување на новинари“,- истакна Селмани.

    Покрај недостигот на безбедност во работата, новинарите во Македонија работат под исклучително лоши економски услови. Тие имаат мали и нередовни плати, а немаат ниту договори за трајно вработување кое негативно влијае на нивната професионална независност.

    Во извештајот е евидентирано дека ниту во медиумското законодавство нема подобрување, бидејќи тоа не е целосно усогласено со најдобрите европски практики.