Исчезна 16 годишно момче од Куманово
08.12.2017 12:45
| KumanovoNews
Шестнаесет годишно момче исчезнало од домот на неговите родители.

Случајот во СВР-Куманово, вчера во 6 часот го пријавил неговиот татко М.А.(43).
Тој изјавил дека дека истиот ден околу 12 часот од домот во непознат правец се оддалечил неговиот 16 годишен син.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.