Исчезнатото момче од Липково пронајдено во Скопје
21.05.2018 12:23
| KumanovoNews
Четиринаесетгодишното момче од Липково, кое во петокот исчезнало од дома пронајдено е во Скопје.

Од МВР соопштуваат дека на кејот „Димитар Влахов“ утринава во 02.00 часот било пронајдено 14-годишно лице од село Виштица, Општина Липково, кое беше пријавено за исчезнато на 18.05.2018 во Секторот за внатрешни работи во Куманово.
Детето било предадено во Полициската станица Центар, а подоцна на родителите.