Истепале соселанец затоа што извадил столбови од нива
13.09.2017 17:13
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Н.Џ.(46) и Ф.С.(47) двајцата од с.Лопате, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело насилство.

На 26. август годинава околу 17 часот С.С.(42), откако ги извадил бетонските столбови во нива, на местото викано „Шалмакиште” во с.Лопате, дошол Ф.С. заедно со неговите двајца синови кои започнале да се расправаат.
Во тој момент дошол Н.Џ. и физички го нападнал С.С. кој од ударите паднал на земја. Откако, на местото пристигнал таткото на Ф.С. напаѓачите престанале со нападот и С.С. побегнал од местото на настанот.