×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Истражување на ДРОМ за вклученоста на учениците Роми во образовниот процес

    01.03.2018 13:57 | KumanovoNews

    Центарот за ромска заедница „Дром“ започнува со имплементација на проектот „Инклузивност на деца Роми во образовниот процес“, кој има за цел да го зголеми бројот на ученици Роми  во основно и средно образование во период 2018-2020 година во Oпштина Куманово.

    Истражување на ДРОМ за вклученоста на учениците Роми во образовниот процес

     „Во рамки на проектот ќе се изврши теренско истражување во ромските населби Средорек, Бараки, Стари Лозја и Бавчи како и во централното градско подрачје каде што живее ромско население за да утврди бројот на деца Роми на возраст од 6-16 години кои не се вклучени во образовниот процес. Цел на ова истражување ќе биде да се утврдат причините за исклученост од образованиетo како и да се поттикнат и мотивираат за вклучување во образовниот процес. Истовремено ќе се изготви документ кој ќе даде комплетна слика за состојбата и ќе се дадат насоки за подобрување на истата, - соопштуваат од ДРОМ.

    Добиените резултати ќе презентираат во надлежните локални институции, заради решавање на проблемлемот. На крајот на проектот ќе се изврши медиумска презентација, пред засегнати страни со цел изнаоѓање на решенија за горенаведениот проблем.

    Проектот  ќе се реализира во период од девет месеци и е поддржан од RRC и KMOP.