Италијанскиот амбасадор во посета на Општина Куманово
Амбасадорот на Република Италија во Македонија, Карло Ромео беше во посета на Општина Куманово.
На средбата со градоначалникот Максим Димитриевски разговарале на повеќе теми, а пред се за начинот на зајакнување на економската соработка со италијанските фирми.
„Република Италија најавува одржување на саем за градежништво во Скопје, и секако дека дел од наши кумановски компании ќе бидат поканети да ги споделат искуства во делот на градежништвото. Италијанските инвестиции се добредојдени во нашата општина“, - изјави Димитриевски.
Амбасадорот се заблагодари за гостопримството, и истакна дека идната соработка би можела да биде во инфраструктурата и заштитата на животната средина.
„Во овие сектори веќе се вклучени италијански фирма, но се отвараат можности и за нова соработака. Многу значен сектор е и изучувањето на италијанскиот јазик и култура во Куманово“, - изјави амбасадорот.
Кумановските ученици покажуваат одлични резултати на студиите по италијанскиот јазик.
На крајот на посетата амбасадорот се сретна со директорите на основните и средни училишта каде се изучува италијанскиот јазик.