Мени

Избран нов директор во „Крсте Мисирков“

09.08.2018 07:57 | KumanovoNews

Александар Јовановиќ, професор по физичко воспитување е нов директор во основното училиште „Крсте Мисирков“ – Куманово.

Избран нов директор во „Крсте Мисирков“

Новиот директор е избран во редовна постапка по распишан конкурс.

Јовановиќ работеше како професор по физичко воспитување во гимназијата „Гоце Делчев“, а десет години е тренер во сениорскиот тим и младинските категории во ракометниот клуб Куманово.

Јовановиќ доаѓа на местото на в.д. директорката Лидија Николовска.