Изгоре автомобил во Куманово
28.05.2018 11:02
| KumanovoNews
Вчера околу 10.30 часот на паркинг простор на ул. „Тоде Мендол“ во Куманово настанал пожар во патничко возило „Голф 6“ со српска национална ознака, сопственост на И.Љ.(65) од Прешево, Република Србија.

Тој го паркирал своето возило, а по неколку минути настанал пожар во пределот на левата страна од моторот, под акумулаторот. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово пожарот бил изгаснат. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.
(Фото-архива Кумановоњус.мк)