Изгоре гаража и шупа во н. Карпош
15.08.2018 08:00
| KumanovoNews
Во голем пожар вчера изгорeа помошни простории во населбата Карпош.

Пожарот избуванал во 12.45 часот, при што ги зафатил гаражата и шупата, кои целосно изгореле. Пожарот е локализиран во 14.40 часот од страна на Противпожарната единица Куманово. Причината и матерјалната штета не е позната.
Од Регионалниот центар за управување со кризи(РЦУК) соопштуваат дека вчера е регистриран пожар и во селото Речица на Железничка станица Карпош, каде горело стрниште од 19.40 до 21.25 часот.