Мени

Изгоре куќа спроти Стара црква

05.10.2017 09:03 | KumanovoNews

Изгоре напуштена куќа на улицата Пионерска бр.18, спроти Стара црква во Куманово.

Изгоре куќа спроти Стара црква

Пожарот избувнал вчера 30 минути по полноќ, а локализиран е во 2.15 часот. Огнот избувнал во приземјето, а се проширил на целата куќа. Целосно изгореле две соби, кровната конструкција и мебелот. 

Од Противпожарната единица Куманово велат дека тие интервенирале со 2 возила и 7 пожарникари.

Причината за пожарот и матерјалната штета допрва ќе се утврдуваат.