Изгоре напуштена куќа во село Орах
18.07.2018 10:52
| KumanovoNews
Стара напуштена куќа изгоре вчера во пожар во селото Орах, Општина Старо Нагоричане.

Пожарот бил пријавен во 12,30 часот во Кумановската полиција од командирот на Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане.
Увид на местото на настанот извршила полицијата, при што било утврдено дека избувнал пожар во стара камена куќа во која постојано не се живее, а била сопственост на Т.Т.(84) од Скопје. Од пожарот изгорела целата кровна конструкција на куќата, која потоа паднала.
Се работи на целосно расчистување на случајот.