Изгубил контрола на возилото и удрил во дрво и заштитна ограда
15.10.2018 06:35
| KumanovoNews
Две лица се повредени во сообрќајна несреќа што вчера по полноќ се случила во населбата Карпош во Куманово.

Имено во 00.50 часот на улица „120“ во Куманово, патничко возило опел корса со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.И.(24) од Куманово удрило во дрвја и заштитна ограда, по што запрело.
По незгодата, со возило на Ита медицинска помош, М.И. и сопатничката С.П.(20) од Куманово биле пренесени во Медицински центар Куманово. Кај М.И. биле констатирани тешки телесни повреди, додека С.П. се здобила со телесни повреди.
Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.