Излетничкото место „Студена вода“ целосно уредено и подготвено за посетители

27.04.2021 - 14:18

Се финализира уредувањето на излетничкото место Студена вода, во населбата Доброшане. Денеска се поставуваат масичките и столчињата, по што граѓаните ќе можат да го посетат за празниците. Предходно беа поставени шест летниковци, канделабри, скари, урбана опрема, а реконструран е и пристапниот пат.

Излетничкото место „Студена вода“ целосно уредено и подготвено за посетители

Проектот - „Уредување на излетничко место во рурална средина“ чини околу 200.000 евра, а средствата се обезбедени од Агенција за финансиска поддршка на земјоделство и рурален развој и Општина Куманово.

 „Завршени се повеќе од 90 отсто од работите. Целиот простор е поплочен со бекатон, има паркинг простор, вода и струја, просторот е оплеменет со зеленило, има канти и контејнери за смет. Граѓаните коишто ќе го користат ќе ги имаат сите услови за пријатен престој. Се` е многу квалитетно и убаво, затоа граѓаните треба да го чуваат и да не дозволат да се уништи. Тоа е заеднички имот и сите треба да се грижиме за него“, - изјави Момчило Јовановски, помошник раководител од одделението за комунални работи на Општина Куманово.

Вкупната вредност на овој проект е 11,3 милиони денари, од кои 8,2 милиони денари се обезбедени преку Агенцијата, а 3,1 милиони денари од Општината. 

Со уредувањето на овој простор кумановци ќе добијат современо излетничко место. Локалитетот „Студена вода“ со години беше неуреден и запуштен.

(С.Н.)

Излетничкото место „Студена вода“ целосно уредено и подготвено за посетители


2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk