Излезе од печат новиот број на “Тавор“
21.08.2015 08:49
| KumanovoNews
Кумановско-осоговската епархија го издаде седмиот број на списанието “Тавор“.

Списанието го има во сите цркви кои се дел од епархијата и се делат на верниците.
“Списанието излегува четири пати годишно, го има во сите верски храмови и се дели на верниците кои сакаат да читаат. Има актуелни теми за животот кој го живееме, за наше спасение, покајание. Текстовите се напишани на едноставен јазик за да може секој да ги разбере“- рече Игор Здравковски, лице за односи со јавност во Кумановско-осоговска епархија.
“Тавор“ содржи повеќе поучни текстови за православието, интервјуа и детска приказна.