Изложба на афоризам и карикатура во Куманово
18.04.2018 07:18
| KumanovoNews
Во изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ утре ќе биде отворена изложба на дела од „19. Интернационален фестивал на афоризми и карикатура Струмица 2018“.

Отварањето на изложбата е закажано во 20 часот.
Изложбата содржи 24 експонати со карикатури од повеќе автори а целиот проект е во организација и координација на НУ Центар за култура “ Антон Панов“ - Струмица.
Изложбата се организира во соработка со Центарот за култура „Антон Панов“ од Струмица.