03. 02. 2010 11:31

Изложба на Далибор Јовановски во Кратово

Изложба на Далибор Јовановски во Кратово

Денеска во Музејот на Кратово ќе се отвори изложбата на графики и цртежи на Далибор Јовановски. Изложбата е координирана од Националната установа Центар за култура "Трајко Прокопиев" - Куманово.

Далибор Јовановски дипломирал 2008 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, оддел за Графика, насока Графички дизајн, во класа на професор Зоран Јакимовски.

   Имал повеќе самостојни и групни изложби, а учествувал и на повеќе колонии.

Изложбата беше премиерно отворена при крајот на ноемри лани во Куманово, а во Кратово ќе биде отворена до 17.02.2010 год.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk