Изложба на Дејан Божиновски во Куманово
15.09.2015 08:56
| KumanovoNews
Во Лапидариум на Музеј Куманово утревечер во 19.30 часот, ќе биде отворена изложба на Дејан Божиновски.

Најновото, второ по ред ликовно претставување на Дејан Божиновски, тематски заокружено под наслов " Интерфејс ", опфаќа дванаесет мега портрети кои ќе бидат изложени надвор од галерискиот затворен простор во Лапидариумот на т.н. Стар Музеј. Делата се работени во техника акрил на платно. Божиновски е роден во 1984 година во Куманово. Дипломирал во 2009 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.