Изложба на фотографии од меѓународната колонија Старо Нагоричане
22.02.2018 10:24
| KumanovoNews
Во Центар за култура „Трајко Прокопиев“ вечерва во 19.30 часот ќе се одржи изложбата на дела од меѓународната фотографска колонијата која се одржува во Старо Нагоричане.

Љубителите на уметничката фотографија ќе имаат можност да видат двесетина фотографии од прекрасните предели и богато културно наследство на Старо Нагоричане.
На колонијата која се одржала минатото лето учествуваа десет фотографи од Македонија, Бугарија, Србија и Босна и Херцеговина.