Изложба на уметничка фотографија на Душан Доцевски
13.12.2017 09:19
| KumanovoNews
Во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ Куманово, утре во 19.30 часот ќе се отвори изложба на уметничка фотографија на Душан Доцевски.

На изложбата ќе бидат изложени педесетина уметнички фотографии, кои авторот ги создал во последните неколку години.
Изложбата е финансирана и поддржана од Министерство за култура на Република Македонија.