Изложба од меѓународна ликовна колонија “Куманово 2014/2015“
17.12.2015 09:54
| KumanovoNews
Во Уметничката галерија утревечер во 19.30 часот, ќе се одржи изложба со дела од меѓународната ликовна колонија “Куманово 2014/2015“.

Изложбата ја организираат Музеј Куманово во соработка со градоначалникот, Советот на општина Куманово и со поддршка на Министерството за култура. Ќе бидат изложени дела во техниките масло на платно, акрил на платно, скулптури и графики. Изложбата ќе трае 10 дена.