Изложба „Самоуки 2018“
14.06.2018 09:27
| KumanovoNews
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложба „Самоуки“.

Годинава на изложбата ќе учествуваат 18 автори- неакадемски сликари, со 40-ина дела работени во различни техники – масло на платно, акрил, скулптури, дрворези.
„Како и секоја година така и оваа на повикот се пријавија повеќе наши сограѓани при што стручна комисија ги избра најубавите дела кои ќе бидат изложени“, - соопштуваат од Центарот.
Традиционалната ликовна манифестација “Самоуки“ се обновува по пауза од 6 години, бидејќи беше прекината од 2012 до 2017 година.