×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложбата „Велес низ стари фотографии“ во Куманово

    24.01.2018 07:27 | KumanovoNews

     Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ утре во 19 часот ќе се одржи изложба на фотографии „Велес низ стари фотографии“.

    Изложбата „Велес низ стари фотографии“ во Куманово

     Пред кумановската публика ќе бидат изложени стотина фотографии на кои е прикажан развојот на градот низ призмата на историјата, етнологијата, архитектурата и други аспекти.

    Најстарата фотографија датира од 1869 година, а поновите се од шеесетите години на 20 век.

    На педесетина километри јужно од Скопје, во долината на реката Вардар од неговата лева и десна страна лежи градот Велес. Со анфитеатрален облик и високо издигнати куќи, збиени меѓу големите ридови, градот ја чува својата вековна историја, за што сведочат бројните археолошки ископини и пишани извори.

    Како спомен на минатото останал дел од староградската архитектура, фотографиите и разгледниците од познати велешки фотографи и странски патеписци.

    Изложбата ја организира Националната установа „Трајко Прокопиев“ и Народен музеј-Ликовен салон Велес.