Изменет режим на сообраќај на улицата „ЈНА“
07.05.2018 13:25
| KumanovoNews
Наредните 2,5 недели со изменет режим на сообраќај ќе биде улицата која води кон поранешната фабрика „ЧИК“.

„Поради изведување на градежни работи за атмосферска канализација на дел од улица „ЈНА“, поточно од поранешна фабрика „ЧИК“ до Трета МУБ, ве известуваме дека во период од 7 до 23. мај годинава ќе биде изменет режимот на сообраќајот“, соопштуваат од Општина Куманово.
(Фото-архива Кумановоњус)