×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Јакимовиќ: Ќе бидам градоначалник на сите граѓани во општина Старо Нагоричане

    13.10.2017 15:15 | KumanovoNews

    Кандидатката за градоначалник на Старо Нагоричане од ДПСМ, Елена Јакимовиќ, денеска пред жителите на општината ја претстави програмата на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ за престојните локални избори.

    Јакимовиќ: Ќе бидам градоначалник на сите граѓани во општина Старо Нагоричане

    Таа вети решавање на најгорливите инфраструктурни проблеми и бепрекорно функционирање на општинските служби, преку личен пример и несебично залагање.

    „Од владата на Република Македонија ќе бараме подршка за надминување на проблемот со водоснабдувањето, како најтежок проблем со кој се соочува општината. Ќе барам работа и максимална ангажираност од сите, и ветувам дека ќе воспоставам ред и беспрекорно функционирање на сите служби во општината Старо Нагоричене. Подготвена сум со лична пожртвуваност и одрекување, кога е во прашање остварување на зацртаната цел.А мојата цел и целта на мојата партија е зачувување на националниот и културниот идентитет на српската заедница во Република Македонија“, - истакна Јакимовиќ.

    Таа нагласи дека ќе биде градоначалник на сите граѓани во општината Старо Нагоричане, и дека е време за нов почеток во општината и време за победа.

    На централниот митинг, покрај највисокото партиско раководство на ДПСМ, присуствуваше и подршка даде и претседателот на Република Српска Милорад Додик. Тој во своето обраќање на општинскиот плоштад посака успех на кандидатката за градоначалник и листата на советници, и ги повика граѓаните да им дадат масовна подршка.

    „На тој начин ќе го задржиме она што е многу важно, оваа општина да функционира како епицентар во кој ќе се собереме ние од Република Српска и Република Србија, во настојување да помогнеме и да го покажеме нашето присуство, мислам дека доаѓа време за тоа. Ова е почеток на нашата соработка, уверен сум дека една од општините во Република Српска многу брзо ќе се збратими со вашата општина и ќе имаме обострана корисна соработка. Србите мора да научат дека повеќе во историјата нема пушки и топови, туку дека најмоќно српско средство е глас. Затоа морате сите да излезете на избори и да гласате за Елена„, - порача Додик.  

    На митингот зборуваше и лидерот на ДПСМ Иван Стоилковиќ, кој се заблагодари на подршката на Додик и честа што им ја укажа да дојде во општината Старо Нагоричане, нагласувајќи дека Србите од Македонија Република Српска ја сметаат за втора матица.

    „Нашата девиза е секогаш свои, а никогаш сами. Секогаш бевме свои, а секогаш соработувавме со другите. Имаме пријатели и партнери меѓу Македонците, подршка од Србија, а во последно време се повеќе имаме подршка од нашите браќа од Руската федерација од партијата на Путин, а воспоставивме лично пријателство со борецот на српскиот народ, претседателот на Република Српска Милорад Додик„, -рече Стоилковиќ.

    Тој потсети дека Србија одобрила 1,2 милиони евра за помош на општините во кои живејат Срби во Македонија, меѓу кои во Старо Нагоричане.