×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Јакимовиќ: Да изградиме држава по европски правила и европски стандарди

    25.09.2018 12:09 | KumanovoNews

    Советникот од НСДП, Благојче Јакимовиќ, смета дека е со подршка на референдумот ќе се создат услови за отворање на преговорите со ЕУ, а со исполнување на домашните обврски и реформи се создава функционална држава во која владеат редот и законот и во која институциите ќе бидат сервис на граѓаните.

    Јакимовиќ: Да изградиме држава по европски правила и европски стандарди

    - Зачленувањето во ЕУ е позитивна промена која ќе резултира со изградба на европско општество.  Низ оваа трансформација, со поддршка од ЕУ ќе обезбедиме независно судство, слободни медиуми, професионална јавна администрација, подобро и подостапно здравство, поквалитетно образование и беспоштедна борба против корупцијата.  Сите ние знаеме дека договорот го постигнавме преку тешки преговори во кои дојдовме до прифатливо решение за двете страни. Свесни сме за влогот и знаеме дека ова е најдоброто можно и фер решение за граѓаните на Македонија. Ова е реален влог во нашата и во иднината на нашите деца, - изјави советникот Јакимовиќ.

    Тој потсети дека успешен консултативен референдум значи мнозинството на граѓаните да излезат на гласачките места и да гласаат за, со што ќе одлучат за иднината на Македонија.