Јовановиќ реизбран за претседател на Обединетата српска заедница
Часлав Јовановиќ е реизбран за претседател на Обединетата српска заедница (ОСЗ), на Изборното собрание што викендов се одржа во Куманово.

Јовановиќ пред присутните поднесе извештај за работа во предходниот период, но и планот на активности за наредниот четиригодишен мандат.
„Обединетата српска заедница ќе се залага за зачувување на националниот идентитет и традицијата на Србите во Република Македонија. Особено ќе обрнеме внимание на употребата на српскиот јазик во локалните единици каде живејат и работат граѓани од српската националност. Пред се во образованито, информирањето, богослужбата, фолклорот, зачувувањето на културно историските споменици, обележување на значајните датуми и празници од националната српската историја„, - истакна Јовановиќ.
Јовановиќ едногласно ја доби подршката на членството, а беа избрани и членови на извршниот одбор на ОСЗ Куманово.