Јовица Јанчиќ носител на листата за советници на СДСМ во Старо Нагоричане
Јовица Јанчиќ од Старо Нагоричане, сопственик на фирмата Јоцо-турс, е носител на листата кандидати на СДСМ за членови во Советот на општината Старо Нагоричане, на престојните локални избори.
Втор на листата е претседателот на општинската организација Бобан Цветановски од Стрновац, а трета е координаторката на жените Тања Јовановска од Драгоманце.
Потоа следуваат Ивица Ивановски од Младо Нагоричане, Ивица Петрушевиќ од Никуљане, Кате Петровска од Младо Нагоричане, Гоце Костадиновки од Орах, Фросина Вељковиќ од Старо Нагоричене и Ангела Каранфиловска од Аљинце.
Меѓу кандидатите има земјоделци, домаќинки и невработени.
СДСМ на изборите во Старо Нагоричане ќе настапи самостојно, откако со коалициониот партнер Српската партија не се договориле за кандидатот за градоначалник и советничката листа.
СДСМ за кандидат за градоначалник ја предложи Жаклина Јовановска, по што СПМ за свој кандидат го истакна Горан Спасиќ.
Бидејќи како коалиција имаат право само на еден кандидат Спасиќ воопшто не ја поднел кандидатурата до ОИК и нема да учествува во изборната трка.