Кај лојанец најдена направа за мино фрлач и мигранти
26.12.2015 13:42
| KumanovoNews
Во домот и другите простории на А.Р. од село Лојане, вчера полицијата нашла нишанска направа за мино фрлач и мигранти.

Полицијата околу 7.15 часот при претрес ја пронашла и одзела нишанската направа за мино фрлач, а во шталата на А.Р. се најдени пет лица и тоа двајца од Авганистан, двајца од Иран и еден од Пакистан.
По расчистување и документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.