×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кал до колена во Гладно поле, жителите бараат помош од надлежните

    20.11.2017 08:38 | KumanovoNews

    Жителите од населбата Гладно поле се жалат дека не можат да излезат од своите домови поради кал по ракопаните улици.

    Кал до колена во Гладно поле, жителите бараат помош од надлежните

    Откако започнала изградбата на канализационата мрежа, при секој дожд газат кал до колена, а кога е топло се гушат во прав. Жителите се револтирани што градежните работи трајат предолго, па покрај тоа што не можат да одат пешки, ги испокршиле и колите по дупките и прекопите улиците.

    „Целата населба е со ископани улици од страна на Жикол, фирмата што работи на канализационата мрежа. Децата за на училиште и луѓе кои одат на работа ставаат кеси на нозете за да стигнат до улицата Ѓорче Петров. Ако сакате било каде да излезете од дома морада да ги заштитите обувките за да поминете преку калливите улици. Пред да започнат со прекопувањето улиците беа тампонирани, со пари од месното население и кал немаше“, - вели Даниел Ѓ. еден од жителите на Гладно Поље.  

    Тој додава дека најстрашно за ние е тоа што фирмата Жикол направила база во нивната населба, а тука ја носат и сета земја што ја собираат од други делови на градот , без притоа да бидат прашани. Побарале помош од општината, но безуспешно.

    „Секој ден поминуваат багери и камиони и уште повеќе ги раскопуваат улиците. Неколку пати бевме во општината и во дирекцијата на Жикол во населбата Карпош, но тие си ја префрлаат топката од едни на други и ништо не се презема да се реши проблемот. Ние бараме да ни ги врата улиците во првобитна состојба со тампон, а асфалт можеме само да сонуваме“, - додава револтирано Даниел.

    Жителите на Гладно поле ги повикуваат надлежните од Општина Куманово да најдат решение за проблемот, и прашуваат дали новата власт вака планира да изгледа европско Куманово во 21 век.