Каменуван меѓународен воз во Черкеско село
15.09.2017 12:00
| KumanovoNews
Во близина на Черкеско село, помеѓу стојалиште „Карпош“ и железничка станица Куманово, синоќа во 22.55 часот, неколку непознати лица извршиле каменување на меѓународниот воз кој сообраќа на релација Скопје–Белград.
Притоа, било искршено едно прозорско стакло од еден вагон, сопственост на железница на Република Србија.
Од каменувањето нема повредени патници.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.