Камион усмрти маж движејќи се наназад
08.10.2018 15:02
| KumanovoNews
Едно лице загина денеска во Куманово, откако го прегазил камион.

Според полицијата, несреќата се случила денеска околу 14 часот на крак од улицата „Бајрам Шабани“, кога товарно моторно возило движејќи се наназад прегазило едно лице кое починало на лице место.
Во тек е увидот на полицијата.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.