Канцеларијата на Народниот правобранител отворена за граѓаните
29.10.2017 08:28
| KumanovoNews
Kанцеларијата на Народниот правобранител во Куманово, денеска ќе биде отворена од 7 до 19 часот, со цел да помогне во остварувањето и заштитата на правата на граѓаните, на денот на одржувањето на вториот круг од локалните избори во општините Липково и Старо Нагоричане.
Освен лично во канцелариите, граѓаните изборните нерегуларности ќе може да ги пријават и на телефонскиот број во Куманово: 031 431-488.
Канцеларијата на Народниот правобранител се наоѓа во просториите на Македонски пошти, во центарот на Куманово.
Денеска ќе работат сите седум канцеларии на Народниот правобранител во Македонија.