Кандидатите за градоначалник на Старо Нагоричане го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори
Кандидатите за градоначалник на општина Старо Нагоричане, вчера го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори.

Жаклина Јовановска од СДСМ, Елена Јакимовиќ од ДПСМ и Милош Стојмановски од НДМ се обврзаа дека активно ќе ги промовираат принципите на слободни и фер локални избори.
Церемонијата се одржа во салата на Општина Старо Нагоричене, а ја организираше Општинската изборна комисија (ОИК) Старо Нагоричане, со еден ден задоцнување откако поради недостиг на финансии комисијата имаше проблеми во функционирањето.
Со потпишување на Кодексот учесниците на Локалните избори се обврзуваат и си ветуваат еден на друг, но и на сите граѓани на Република Македонија, дека ќе се придржуваат и активно ќе ги промовираат принципите на слободни и фер избори.
„ Да го почитуваат избирачкото право кое е еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање. Со почитување на кодексто ќе се придонесе за спроведување на фер избори, според највисоките меѓународни стандарди“, - стои во Кодексот за фер и демократски избори.
Кодексот во недела го потпишаа кандидатите за градоначалници во 80 општини и градот Скопје.