×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кирацовски: Ќе продолжиме со добрите проекти, а ќе понудиме и нови

    26.09.2017 13:34 | KumanovoNews

     „Со нови сили ќе ги продолжиме сите добри проекти од кои граѓаните се задоволни, а воедно ќе понудиме и нови кои се потребни на Општина Куманово“, - изјави генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, на денешната прес-конференција при посетата на Куманово.

    Кирацовски: Ќе продолжиме со добрите проекти, а ќе понудиме и нови

    Тој најави дека ќе работат домаќински, чесно одговорно и квалитетно, и ќе овозможат соодветна инфраструктура, водовод и канализација за сите населени места, во руралните и градски средини.

    „Ќе овозможиме чист воздух за дишење и чиста вода за пиење за сите населени места, затоа што здравјето на граѓаните за нас е најважно. Ќе обезбедиме соодветни и еднакви услови за инвестирање за бизнис можности во сите локални самоуправи, вклучително и тука во Општина Куманово и ќе ги изедначиме домашните со странските инвеститори. Општината ќе продолжи да биде сервис на граѓаните, да биде отворена за сите наши сограѓани, а ќе се работи чесно и домаќински – додаде Кирацовски.

    Кирацовски денеска се сретна со младите, невладините организации, а за попладен е закажана средба со бизнисмените на која ќе присуствува и министерот Кочо Аѓушев.

    Шефот на општинскиот изборен штаб на СДСМ, Мартин Костовски ги повика кумановци вечерва да присуствуваат на конвенцијата во Центарот за култура, каде ќе бидат промовирани кандидатот за градоначалник и листата на советници.