Книги и помагала на српски јазик за училиштата во Табановце и Старо Нагоричане
Директорот на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, Милутин Станчиќ и амбасадорката на Република Србија во Република Македонија, Душанка Дивјак - Томиќ, вчера ги посетија oсновните училишта „Браќа Рибар“ во село Табановце и „Светозар Марковиќ“ во Старо Нагоричане, каде наставата се изведува на српски јазик.

При тоа беа донирани училишни средства, училишни помагала и едукативен материјал, обезбедени во соработка со Амбасадата на Република Србија и ЈП Завод за учебници од Србија.
На состанокот со директорките се разговараше за унапредување на наставата во училиштата и беа истакнати проблемите во образовниот процес, како и за идните планови, согледувања и очекувања за наскоро имплементирање на организирана обука за наставничкиот кадар кој го предава српскиот јазик.
Потребата од наставни помагала беа детектирани на почетокот на учебната година при посетата на директорот Станчиќ, кои на обострано задоволство веќе стигнаа во училиштата каде се изведува наставата на српски јазик.