„Кочо Рацин“ ќе одбележи 71 година постоење
Со повеќе активности неделава основното училиште “Кочо Рацин“ ќе одбележи 71 година постоење и успешна работа.

По повод патрониот празник, денеска ученици, наставници и родители во училиштето играат шах.
“Утре ќе има поетско читање со партнер училиштето “Наим Фрашери“. Во среда имаме ликовна работилница “Јас сум уметник“, а во четврток ќе се одржи свечена седница и приредба со партнер училиштето со наслов “Другарството не познава граници“. Во петок ќе има прослава во подрачното училиште во Доброшане“- вели Ивана Ѓорѓиевска, библиотекар во “Кочо Рацин“.
Училиштето го носи името на познатиот книжевен деец, Коста Солев Рацин кој се прослави со својата поезија.