„Коцо Рацин“ приклучено на гас
02.11.2015 10:03
| KumanovoNews
Централната зграда на основното училиште “Кочо Рацин“ од петокот и официјално почна да се грее на гас.

Гасификацијата на ова училиште се реализираше во соработка со локалната самоуправа.
Комисија направи проверка, утврдено е дека сè е во ред и веќе се грееме на гас. Овој начин на греење е подобар, поефикасен и поекономичен. Во централното училиште настава следат околу 1300 ученици - кажа Ивана Ѓорѓиевска, библиотекар во училиштето.
Во општина Куманово повеќе училишта и јавни установи се приклучени на гас. Гасот како енергенс нуди низа бенефити и е поекономичен.