×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Кочо Рацин“ прогласено за училиште со најдобра веб страна

    30.11.2015 13:20 | KumanovoNews

    Основното училиште “Кочо Рацин“ денеска беше прогласено за основно училиште со најдобра веб страна, од Министерството за образование и наука.

    „Кочо Рацин“ прогласено за училиште со најдобра веб страна

    Учениците ја презентираа страната, по што беа избрани за победници. Од “Кочо Рацин“ велат дека и понатаму ќе работат на ажурирање на веб страната на нивното училиште.

    Не очекувавме дека ќе бидеме најдобри меѓу најдобрите. Професорката по информатика Лидија Поповска со неколку ученици работи на страницата. Денешното претставување во Скопје беше одбрана на презентацијата на некој начин. Наградата е интерактивна табла, и ќе ја ставиме во медијатека - рече Лидија Пешевска, директорка на “Кочо Рацин“.

    Во трка за најдобра веб страна беа 7 основни и 10 средни училишта во државата во посебни категории.