Кој колку мандати освои во Советот на Општина Куманово?
Додека се чекаат официјалните информации од ДИК, за бројот на освоени места во општинските совети, партиите прават своја математика.

Според партиски пресметки, СДСМ освои 16 мандати, ВМРО-ДПМНЕ 11 мандати, 3 мандати ДУИ, 2 мандати БЕСА и 1 Алијанста на Албанците.
Советници од коалицијата на СДСМ се:Атина Мургашанска, Томица Илиќ, Благојче Јаќимовиќ – НСДП, Ивица Костовски – ЛДПСоња Тодоровска, Владимир Павловски, Милена Строимановска, Самет Салиевски, Хана Џемаили, Миле Андоновски – ПП, Александра Андоновска, Сашо Милковски – АПМ, Ивана Николиќ, Ана Ангеловска и Саша Арсиќ.
Идни членови на Советот на Општина Куманово од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ се: Драган Петковски, Емилија Трајковска, Борислав Додевски – СПМ, Саша Николиќ-ДПСМ, Анета Шандева Доневска, Зоран Петрушевски- ГРОМ, Невена Величковска, Мирослав Тричковиќ-ДПСМ, Срѓан Рашити-СРМ , Марија Цакиќ-ГРОМ, Александра Тасиќ-ДПСМ.
Kај албанските партии Фатмир Идризи, Фериз Дервиши и Адељина Адеми од ДУИ, Наиље Османи и Фљурим Имери од Беса и Осама Муадини од Алијансата на Абланците.